The Best Job Listing Theme. Everything you need.

Lorem ipsum dolor sit amet, quo veri iuvaret ex, iusto pericula efficiendi pro id. Te vis labores accusamus.

The Best Job Listing Theme. Everything you need.

Mel torquatos constituto ex, eros primis aperiam sed cu, vel in oratio corpora eligendi. At mel alii dissentiunt, duo ad inimicus quaerendum.

Веќе неколку години, компанијата Номад Партнерс преку програмата Номад Џобс ужива висока доверба како кај компаните со кои соработува така и кај кандидатите за вработување, по однос на посредување при сезонски и целогодишни вработувања.

Индивидуалниот пристап кон потребите на секој наш клиент значително влијае врз зголемување на портфолиото на Номад Партнерс.
Нашето искуство нè уверува дека можете да сметате на нас и на нашето знаење за пазарот на трудот за секој вид деловна активност низ целата земја – од туризамот и угостителството до информатичка технологија и инженерство преку финансии и сметководство, човечки ресурси, продажба и маркетинг до малопродажба, производство и логистика.
Без разлика дали се работи за добро обучени работници или квалификувани експерти и раководен персонал, нашиот тим Ви ги обезбедува вработените кои Ви се потребни навремено, ефикасно и професионално.

Привремено вработување

Привремено ангажирање на вработените со договори е услуга што на компаниите им обезбедува висок степен на флексибилност, заштедува време и ги намалува трошоците за избор. Користејќи ја предноста на услугата, ќе имате партнер одговорен за одржување на бројот на лица што ги наведувате за времетраењето на проектот.

Имате можност да примите привремени вработени во Вашата компанија кога сметате дека тие ги исполнуваат вашите барања. Услугата е многу погодна за области во кои е потребна голема флексибилност во бројот на вработени, има силни врвови и падови во дејноста, како и за бизниси со сезонски карактер.

Оваа услуга е најраспространета во туристичкиот сектор. Во Бугарија работиме со најреномираните компании во хотелиерскиот и угостителскиот сектор.

Номад Партнерс е фирма која е основана во 2017-та година за истражувачи, ентузијасти, за луѓе жедни за нови искуства и предизвици  во текот на целата година посебно ЛЕТНАТА сезона.

Нашата компанија работи со широк спектар на профили и возрасти и нуди програми и понуди да заработите пари, да сретнете и запознаете нови луѓе и да искусите некои нови култури и начин на живеење.

Номад Партнерс директно учествува во можноста да ги доживеете дестинациите во кои нудиме работа не само како турист, туку на еден поинаков уникатен начин, и да ја почуствувате традицијата и културата на земјата како и интернационалната средина.

Како изгледа процесот?

Што добивате со програмата на Nomad Partners

• Ги подобрувате и зајакнувате јазичните вештини • Собирате искуство во практика, добивате интернационално искуство што го прави вашето CV за работа многу повпечатливо • Да посетите и видите многу интересни места • Учите илјадници нови и интересни информации

Што нудиме со програмата на Nomad Partners

• Работна дозвола или работна виза • Овозможуваме работа кај докажан работодавец

Што значи за Вас програмата на Nomad Partners

• Да се запознаете со бугарскиот начин на живот • Запознавате и создавате нови пријателства од различни држави и националности • Собирате искуство со кое може да се прилагодите во различни ситуации

Минимален - НУЛА РИЗИК

Со Номад Партнерс нема што да изгубите. Благодарание на нашата лојалност посветеност и одлично изработена програма за соработка со ВАС и работодавачите, Вие немате никаков обврзувачки паричен надоместок кон нас

Работа и Сместување

Во работната програма се дадени детални информации за условите под кои ќе работите – каде и како ќе бидете сместени и паричниот надоместок кој Ви следува. Тоа е експлицитно наведено во работната понуда. Сите избрани кандидати се сместени во целосно прилагоден дневен престој кој го овозможува работодавачот.

Сместувањето, обезбедувањето и запазувањето на сите услови кои  се дадени во самата понуда за работа претставуваат многу битен дел од програмата на Номад Партнерс. Токму затоа, нема за што да се грижите, со самото пристигнување во земјата вие знаете точно каде одите и на кое место ќе бидете сместени.

Што треба да направите

Вие треба да аплицирате за работата која што ја сакате, преку опцијата за апликација на нашата веб страна, со што нашите колеги ќе ја разгледаат и утврдат Вашата желба по што ќе бидете исконтактирани  и ќе Ве посоветуваат која работна понуда би била најповолна за Вас.

Нашиот тим  прави подготовки и покренува постапка за да ја обезбеди потребната документација за Вашата работна програма.

За тоа кои документи ќе треба да ги доставите, дополнително ќе бидете известени.

Работни позиции во Nomad Partners

Кои сè работни позиции ги нуди Nomad Partners? Што би можел да работиш?

Рецепционер

Администаратор

Портир / Пиколо

Собарка

Хаусмајстор

Работник за грижа на базени

Помошник келнер

Келнер

Келнер покрај базен

Помошник во кујна

Готвач

Скараџија

Пица мајстор

Бармен / Бариста

Касиер

Хигиеничар

Градинар