
КЕЛНЕР/КИ ВО СОФИЈА
„Happy Bar & Grill” е најголемиот синџир на ресторани на Балканскиот Полуостров. За 26 години работа тој поседува 31 објект во Бугарија, три во Барселона, Шпанија и еден во Лондон, Велика Британија. Компанијата има над 3.000 вработени и над 11.000 клиенти дневно.Бугарската компанија работи по американски стандарди и својата сигурност и лојалност ја има докажано кон секој еден вработен посебно. Менаџментот на „ Happy Bar & Grill “ се труди континуирано да ја развива компанијата и секој нивен вработен да биде дел од овој процес. Доколку сакате да стекнете нови вештини, да ја развиете својата комуникативност и да работите во меѓународна средина, ова е тоа што за почеток ви го нудиме.
Задачи и одговорности:
- Послужување на храна и пијалаци;
- Припрема и поставување на масите во доделениот простор;
- Придржување до принципите за безбедност на храна, нормативи и стандарди за презентација;
- Одржување и уредување на работниот простор.
Личен профил и квалификации:
- Добро организирана и комуникативна личност;
- Самоиницијативност, посветеност кон работата и позитивен став;
- Желба за развој и мотивација за тимска работа;
- Љубезен и професионален однос кон колеги и клиенти;
- Завршено средно образованиe;
- Познавање на бугарски јазик е предност;
- Претходно работно искуство на иста или слична работна позиција е добредојдено.
Работно време и услови:
- Примања над конкуренцијата на пазарот:
- Платата е 7 лева/час (3,5 евра/час) или околу 700 евра на месец
- Одличен бакшиш кој ја надминува платата, колегите на истата позиција заработуваат околу 2000 евра вкупно бакшиш и плата.
- Бесплатно сместување, се плаќаат само трошоците за парно, струја и вода пресметани по човек.
- Веднаш по пристигнувањето ви се доделува ваучер од 160 лева (80 евра) за храна и иницијални трошоци за живот.
Работно време во недела:
- I варијанта – 4 работни дена по 12 часовни смени со 3 дена слободни денови.
- II варијанта – 5 работни дена од кои 3 се со 12 часовни подолги смени и 2 дена со 8 часовни покуси смени, со 2 дена одмор.
- Тренинг од првиот ден од договорот. Систем за растечки лидерски позиции. Комплетна униформа за работа.
Очекуваме CV и ажурирана фотографија. Кандидатите кој одговараат на барањата ќе бидат поканети на видео интервју.
- Е-mail: nomad.oglasi@gmail.com
- Македонија: +389 74 601 596
- Бугарија (вибер): +359 899 617 910
Видео "Лицата на Хепи"
