Летната работа на Кристина Јанева во Сончев Брег
Кристина Јанева има 24 години, таа е студент по медицина од Штип и како многу свои врснички летото одлучи да го помине во Сончев Брег. “Има ли нешто поубаво од тоа да живееш на море и да ти плаќаат за тоа” – изјавува Кристина. За време на летната сезона таа беше дел од персоналот на екслузивниот хотел со 5 ѕвездички “ Дуне ” и работеше на позиција хостеса. Имаше секојдневна дружба и одлична соработка со колегите. Дел од слободното време го поминувала на плажа, во прошетки, со нови искуства и нови пријатели.
Задоволна сум од работата, супер нè прифатија и колегијалноста е на високо ниво.
Во разговорот со Кристина од неа добивме многу добар фидбек за времето поминато во работната летна сезона во Сончев Брег, Бугарија. Од искуството што го стекнала е позитивно изненадена и им препорачува на сите да дојдат тука затоа што има добри услови, односно дека понудените условите за работа од страна на тимот на Номад Џобс биле на истото ниво на кое што и биле презентирани.
Кристина за крај ни сподели дека таа на крајот од нејзините студии, доколку има можност, би дошла повторно и следната сезона.