Приказната на Божидар Спасески
Божидар Спасески работеше две летни сезони во хотелот со 4 ѕвезди “ Bella Vista”, во Синеморец. Задоволен од исполнувањето на условите кои ги прочитал на огласот на веб страната на Номад Џобс ни сподели дека посакува повторно да се врати на тоа рајско место.
Местото е совршено, вели тој.
Презадоволен сум од колегите управителот на хотелот, позитивната енергија и спокој што го добивате од самата атмосфера, начинот на работа, слободното време, плажите, ноќните дружења, забави, долги разговори и се разбира пријателствата кои ги стекнав.
Во разговорот што го водевме со него ни сподели дека доколку пак главната цел е да заштедите пари, има простор и можност да ја остварите и таа цел.
Некои од слободните денови ги поминувал на плажа, посетил и неколку соседни градови и историски места. Често со колегите си ја користеле изреката “Живееме за одморот” и истите тие денови се чуствувале буквално како на одмор.
Позитивен и со насмевка на лицето, Божидар, нè остави во добро расположение и нè поздрави со изјавата:
- Да! Секогаш би се вратил тука!
Бидете добри до следното читање.
По завршувањето на летната работа Божидар Спасески му се приклучи на тимот на Номад Партнерс.